АНАЛИЗА: И сега…? Како ќе прават угостителите свадби со забрана за македонска и српска музика !?

0

Што ќе се случува во рестораните и дали е можна свадба без музика ?! Тоа очигледно, никој не го помисли.

Останува прањeто што е со услужниот сектор односно како ќе се справат со овој проблем сопствениците на угостителските локали? Дали и тие се подлежни на оваа забрана од ЗАМП или имаат некоја основа по која се изоставени од оваа одлука за користење на авторска музика на македонски и српски јазик?

Скопските угостители за порталите велат дека оваа одлука лошо ќе се одрази на нивниот бизнис. Свадба без невеста не бидува а гостите прават џумбуш слуќајќи ги нивните омилени песни од македонските, српските и останатите автори.

brak2

Нашиот репертоар некои 60 отсто е составен од македонска музка, 20 отсто од српска музика и 20 отсто е музика од останатите говорни подрачја, вели еден од менаџерите на ресторанот „Скопски Мерак“ за порталот tocka.com.mk.

Забраната за емитување на авторски музички дела од репертоарот на ЗАМП кој брои безмалку 6.000 автори почна да важи од 20 септември 2016 година. Тоа е реакција на новата колективна организација СОКОМ-МАП за заштита на авторските права која се огласи со свој тарифник, кој е со 50 отсто намален надоместок за јавно соопштување на авторски музички дела, односно до 100 отсто намалување за радиодифузно емитување и кабелско реемитување објавен на 27 јуни 2016 година.

brak23

Од 1 октомври 2016 од СОКОЈ, српската организација за заштита на авторските права како и ХДС, хрватската организација за заштита на авторски права, доставија соопштенија каде што во сила стапува забрана за емитување и реемитување на авторските дела на авторите од овие две земји додека не се надминат разликите на ЗАМП и СОКОМ-МАП, односно додека не се усогласат тарифниците за заштита на авторските права во Македонија.

Во оваа забрана не спаѓа емитување на српските музички шоуа. Оние телевизии кои ги имаат откупено правата на нивно емитување на кои се емитува српска музика имаат склучено договор со одредена продукција која го подмирува својот долг за користење на авторската музика.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb