Штип воведува измени во платениот паркинг

0

Штипските советници денес дадоа зелено светло за намалување на цените за платениот паркинг простор. Со ова, Општината има намера да ја зголеми искористеноста на паркинг просторот и да ја намали гужвата на споредните улици, каде за да избегнат плаќање, досега возачите ги оставаа своите возила.

Но ова, не ги решава сите проблеми околу платениот паркинг простор, па дел од свветниците имаа и конкретни прашања поврзани со оваа работа.

  • До каде е постапката со електронската наплата, затоа што понекогаш неможе да се најдат луѓето за да платиме и на мене лично ми се случи не ги најдов луѓето и кога се вратив имаше поставено блокатор, изјави Јордан Атанасов, советник од Достоинство.

Во моментов плаќањето е исклучиво на принцип на талон иако од поодамна се најавува воведување и на СМС плаќање.

  • Тендерот за наплата со смс пораки е во тек и сега се собираат податоци од операторите, кажа Игно Иванов, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип.

Од „Стипион“ најавувата и други промени, поврзани со паркинг просторот.

  • Планираме да направиме и затворен паркинг простор, онаму каде што ќе има можност и да се наплатува со смс, вели Игно Иванов, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип.

Платениот паркинг во Штип се воведе пред точно две години. Во моментов има 580 паркинг места, од кои околу 10 отсто сé уште се неактивни.

Со претходните цени, годишно од паркинг простот Стипион инкасираше помеѓу  четири  и пет  милиони денари.

Сподели.


Коментарите се затворени.