сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСпоред меѓународно признаената „AD Scientific Index“, Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип се...
spot_img

Според меѓународно признаената „AD Scientific Index“, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се најде на првото место во Македонија

Според најновите рангирања на меѓународно признаената „AD Scientific Index“, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се наоѓа на прво место во државата.

Честитки за новите постигнувања на УГД. Овие најнови резултати само ја потврдуваат испатливоста на проектот за отворање на Универзитет во Штип.

Постоењето на УГД придонесе и придонесува да се зголеми конкуренцијата и квалитетот во полето на науката. Воедно, УГД значи шанса и можност за многу млади лица да добијат пристап до високо образование, посебно за жителите од Источниот регион на Македонија, и секако, УГД значи и економски развој на Штип и регионот.

Денес Универзитетот „Гоце Делчев“ е меѓународно препознаена институција, а тоа го потврдува и се поголемиот интерес за студирање на странски студенти.

УГД уште еднаш потврдува дека знаењето е сила, знаењето е моќ!

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ