Мајка предупредува: Размислете пред да бакнете нечие бебе

0

Мајка сподели фотографии од раните на своето бебе предизвикани од вирусот херпес за да предупреди за опасностите од овој вирус за најмалите и да апелира луѓето да размислат пред да бакнат мало бебе.

Пред неколку дена, Ејми Стинтон на својот профил на Facebook сподели фотографија од раните од херпес на нозете и телото на нејзиниот син Оливер. Во описот на фотографијата, таа напиша:

„Ова им се случува на бебињата кога ќе дојдат во контакт со херпес. Оливер сега го има вирусот херпес и ќе го носи цел живот. Следниот пат, мислете пред да бакнете бебе“.

bebe1

Подоцна Ејми додаде уште две фотографии и објасни дека нема намера некого да обвинува, туку дека сака да ја подигне свеста кај луѓето и да ги информира како се манифестира вирусот кај бебињата.

„Не сакам да обвинувам некого, само сакам да ги информирам луѓето. Штета што ќе го носи вирусот цел живот“ – напиша таа.

bebe2

Во ноември 2014 година вирусот херпес симплекс беше поврзан со смртта на новороденче од Квинсленд, Австралија. Неговата мајка јавно зборуваше за случајот за да ја подигне свеста за сериозноста на овој вирус.

Медицинските експерти велат дека бебињата можат да се заразат во вирусот херпес по раѓањето доколку бидат бакнати од личност којашто има активен херпес на устата или ако бидат допрени од лице кое има херпес на рацете.

Сподели.


Коментарите се затворени.