сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаДачиќ брутално искрен: Се прашуваме дали има смисла влезот во ЕУ, еве...
spot_img

Дачиќ брутално искрен: Се прашуваме дали има смисла влезот во ЕУ, еве Македонија го смени името па ништо

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е неопходно да се ревитализира политиката на проширување на ЕУ со идејата некој да стане членка врз основа на поставените критериуми.

На Балканскиот форум во Будимпешта, каде што зборуваше на министерскиот панел, Дачиќ истакна дека сега има криза на критериумите за влез во ЕУ.

Тој нагласи дека поминаа 20 години од самитот на ЕУ во Солун, кога првпат пристигнаа ветувањата за европска интеграција на Западен Балкан.

„Во моментов сме свесни за внатрешното прекомпонирање на ЕУ, но таа вети дека следната членка ќе дојде од Западен Балкан. Слушнавме многу приказни дека сме високо на приоритетното скалило, но заморот е очигледен. Земјите од ЕУ се прашуваат дали новите членки би придонеле за зајакнување на ЕУ, а ние се прашуваме дали има смисла правната хармонизација со ЕУ, ако напредокот е стабилен и не зависи од критериумите кои се поставени како вистински. “, изјави Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ