Најдобра храна за здрави нокти, коса и кожа

0

Сите знаеме дека свежото овошје и зеленчук се најдобри за нашето генерално здравје, но, исто така, постои и храна која е одлична за вашата убавина, односно за вашите нокти, коса и кожа. Ако сакате тие да изгледаат прекрасно, сјајно и здраво тогаш прочитајте ја листата од најдобрата храна за оваа намена.

Авокадо

Храна која можете да ја ставите прва на листата на храна која помога за убавина е авокадото. Можете да го користите во цедени сокови, салати и слично. Сигурно не сте знаеле дека и покрај тоа што авокадото помага за поубава коса, кожа и нокти, тоа помага и за апсорбирање на хранливите материи од другата храна која ја внесуваме.

post cover photo

Јајца

Јајцата содржат високо количество на биотин кој е хранлива материја важна за убава и здрава кожа и нокти, исто така и сулфур кој е, важна хранлива материја за здрава коса и нокти.

Мешункасти плодови

Мешункастите плодови се уште една храна за убавина која не сакате да ја пропуштите. Тие се богати со цинк кој ја прави косата убава и целосна, со помал ризик од кршливост. Мешункастите плодови, а посебно бадемите, содржат есенцијални масни киселини и антиоксиданси кои помагаат за здрава и блескава кожа.

Лосос

Уште една храна за убавина која е богата со Омега-3 е лососот. Омега-3 масните киселини се многу важни за вашата коса, кожа и вашите нокти. Не само поради фактот дека содржат кератин, туку и бидејќи помагаат во намалување на воспаленијата, а тоа значи кожата, косата и ноктите ќе биде здрави и цврсти.

Сподели.


Коментарите се затворени.