Градот на одличната и евтина храна : Јадења кои морате да ги пробате во Белград

0

За нас туристите најпопуларна улица е секако Скадарија во која својот дом го пронашле голем број водечки белградски ресторани. “Три шешири”, ‘Два елени”, “Тоа е тоа” и уште многу други.
Да посетите некоја дестинација а притоа да не се препуштите на волшебностите од нејзината гастрономија, е исто како да отидете вокино и да гледате филм без пуканки и чипс.Затоа еден од важните чекори на патувањето е да се истражат кои се главните јадења на дестинацијата, односно во кој ресторан најмногу може да се доживее локалната гастрономија.
Белград е дестинција позната по добриот провод, ноќниот живот и добрата храна. Добриот провод и ноќниот живот одат едно по друго со добрата храна.
Овој дел на Балканот живее на месо и тоа е составен дел на секој оброк. Понудата на белградските ресторани се базира  на пилешко, телешко и свинско. Ретки се тие ресторани кои има некои други видови на месо во својата понуда. Тоа може да се објасни со фактот што овие видови месо, брзо и лесно се подготвуваат , а помеѓу другото се и евтини.

belgrad2

Каде и да се завртите, Белград е преполн со ресторани. Од оние кои служат брза храна па се до оние кои се бават со малку комплексно подготвување на јадењето. Но за нас туристите најпопуларна е секоја улица. Имиња на ресторани преполно, а попнудата в поголемиот дел иста во секој ресторан, но зошто цените варираат?

Огласен како најубав ресторан , воедно и “must visit” место, во Белград менито од “Три шешири” се состои од многу традиционални јадења , но подготвени на малку помодерен начин. Има една многу важна ситница поврзан со овој ресторан. Секогаш е најдобро да направите резервација, отколку да дојдете без најава. Во голем број на случаеви, поради зголемен број посетители, ќе останете без место. На менито се три видови супи, односно чорби а ниедна посебно не излегува. Ова е еден од ретките ресторани кои во својата понуда имаат и рибини јадења.

pocetna_banner_021

Уште еден од многуте ресторани кои вреди да се спомене од оваа улица е ресторанот “Два елена” Ресторанот е прилично голем, а располага и со три тераси. Амбиентот во ресторанот е како и во сите други. Но еднош по што е познат и чуден овој ресторан е тоа што се наплаќа употребата на приборот за јадење. Па ако можат Италијанцита, зошто тоа да не го прават и Белграѓаните. И во овој ресторан честопати ќе морате да направите резервација, бидејќи и тој многу брзо знае да биде полн.

Како и во секој друг град, ќе пронајдете повеќе места со понуда од брза храна. Пици, хамбургери, поховани крилца и уште многу други кои ги има насекаде. Основната понуда на сите ресторани е скарата. Поточно Лесковачката скара, ќебапи, плескавици, лесковачки уштипци, вешалица на многу начини. Едно е заедничко за сите јадења кои се нудат под заедничкото име Лесковаќки, а тоа е крумпирот. Сите овие јадења се со крумпир. Составен дел на секое мени е “караџорџевата шницла”. Можеби постои мала ситна разлика, но тоа се детали со кои треба да се занимаваат оние кои се во кујната.

Било кое јадење да го одберете во било кој ресторан да се најдете, за сите заедничко се добрите цени. Со мало варирање на цените во рестораните во Белград сеак добро се јаде. Доколку ги споредите цените помеѓу Белград и Хрватска ќе се дојде до поразителни факти. Топ белградските ресторани својата храна ја наплаќаат по цени кои се споредливи со цените во просечните ресторани во Хрватска. Што значи во Белград тројца може да вечераат во топ ресторан по цена за која кај нас можете да добиете ќебапи во просечна ќебапчилница.

Сепак Белград и понатака ќе остане град на добрата забава и храна. Београѓаните знаат да уживаат во животот, а тоа го потврдува фактот што сите ресторани се полни во текот на целиот ден, а со мракот забавата се пренесува во клубовите.

Сподели.


Коментарите се затворени.