Се разведуваат Анџелина Џоли и Бред Пит

0

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли поднела барање за развод на бракот од Бред Пит и побарала старателство над нивните шест деца, објави нејзиниот адвокат, пренесува „Макфакс“..
brad-pitt-and-angelina-jolie-tie-the-knot-in-provence-correns-708

Како што се наведува на таблоид порталот TMZ кој е специјализиран за случувањето во светот на славните, а чијашто вест ја потврдил адвокатот, 41-годишната Анџелина Џоли ја покренала споменатата постапка во понеделникот наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина за развод на бракот. Исто така, навела дека одвоено живеат од 15-ти септември.

Двојката има посвоено деца од Камбоџа, Виетнам и Етиопија, а и двајцата се ангажирани во повеќе хуманитарни мисии.

„Оваа одлука е донесена поради здравјето на семејството. Таа нема да коментира и бара овојпат да биде почитувана приватноста на семејството“, изјавил нејзиниот адвокат Роберт Офер.

Американскиот актер Бред Пит изјави дека е тажен поради тоа што неговата сопруга, исто така, славната актерка Анџелина Џоли поднела барање за развод на бракот и истакна дека сега му е најважно доброто на нивните шест деца.

„Тоа многу ме растажи, но она што сега е најважно е доброто на нашите деца. Ги молам медиумите да ги остават на мир во овој тежок период“, вели Бред Пит во изјавата за списанието People.

Џоли и Бред Пит се венчаа во 2014 година, но заедно се од 2004 година. Минатата година играа во филмот „By the Sea“, толкувајќи гламурозна двојка на одмор во Франција додека нивниот брак е на работ.

Ова е втор брак на Пит, кој претходно беше венчан со исто така славната актерка Џенифер Анистон. За Џоли, пак, е трет брак, по Били Боб Тортон и Џони Ли Милер.

 

извор: „Макфакс

Сподели.


Коментарите се затворени.