четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЗдравствените работници во Штип преку мирен протест бараат покачување на платите
spot_img

Здравствените работници во Штип преку мирен протест бараат покачување на платите

Синдикалците од Клиничкиот центар, меѓу другото, на протестот посочија и на проблемот со одлив на медицински кадар од земјава.

Во последните од три до пет години, како што велат, од земјава си заминале пет до шест илјади медицински сестри, а само во последните три години државава ја напуштиле околу 2 200 лекари Незадоволни од задоцнетите плати поради неодамнешниот колапс на системот на Фондот за здравствено осигурување, но и со барање за покачување на платите и нивно усогласување со минималецот, денеска здравствените работници ја искористија работната пауза и протестираа пред Клиничкиот центар во Штип.

На протестот на здравствените работници беше нагласено и дека предлог-законот за плати во јавниот сектор може да значи намалување или укинување на правата на работниците согласно колективните договори. Синдикалците од Клиничкиот центар, меѓу другото, на протестот посочија и на проблемот со одлив на медицински кадар од земјава. Во последните од три до пет години, како што велат, од земјава си заминале пет до шест илјади медицински сестри, а само во последните три години државава ја напуштиле околу 2 200 лекари.

Освен во Штип, протести на здравствените работници истовремено се одржаа во Скопје и во другите градови низ државата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ