Неверејатниот Санторини: Од бели куќички до црни вулкански плажи

0

За време на патувањето секогаш размислувам за тоа како своето искуство најдобро да го споделам со останатите патници. Впрочем не морам да делам ништо, но мојата потсвест кажува дека моето искуство ќе помогне кај некој друг подобро да се снајде и подобро да ги искористи своите ресурси во некоја одредена дестинација. По седумдневното интензивно патување на еден од најубавите делови на Медитеранот , би ја започнала мојата приказна за Санотирни.

Патувајте на Санторини за 11 Октомври
santorini-sunset_cs
Од секогаш сакав да ги посетам Кикладските острови, како и остатокот од Грција. Многи го сакам медитеранот со сите свои бои , вкусот и мирисот, со што не се сомневав дека во Санторини ќе се заљубам на прв поглед. Така и беше.

Иако бев сместена во малечко место, Картерадос, кое се наоѓа во Фире, најголем град на островот , тоа не делуваше на мојот впечаток. Санторини не е преголем остров и може да се разгледа во 3-4 денови. Освен Фире и Оие, кои се познати по преубавите залези на сонцето на островот може да се посети “калдера” , вуклански остатоци , археолошки наоѓалишта, неколку музеи како и многубројни плажи. Ми сугерираа да го посетам островот Иос и Фолегандрос , но моето патување беше испланирано претходно, така што немаше смисла патувањето на Иос со траект, а тоа трае 4 часови. Се надевам дека во иднина ќе има прилика да ги посетам нив.

Патувајте на Санторини за 11 Октомври
home1_5203
Мисам дека беше добра деја што отидов на Санторини, почетокот на летото, бидејќи иако островот беше преполн со туристи, кои пристигнуваа со бројни бродови, се создаваа големи метежи на улиците Фире и Оие. Санторини е дефинитивно магнет за туристите. Најверојатно една од најатрактивните турситсички дестинации на која можете да отидете. Токму поради тоа, во некои моменти од својот одмор на островот, го доживував “најслучајниот туризам” воопшто.

Патувајте на Санторини за 11 Октомври
d74cbdba329e90baf3c33ba15874d546
Излетот со бродот на Акротипи плажата , Бела, Црвена и Црна плажа , на кои ме одведоа локалните рибари кои сосема случајно ги сретнав на брегот, е нешто најдобро што го доживеав тие денови на Санторини. Се работи за многу добар излет – само 5 евра. Информациите за тој случаен излет не моѓете да ги пронајдете во понудите или на Интернет. Можеби порати тоа излетот ми беше уште поубав, бидејќи имав желба да го истражам осторвот а не само да одмарав на басенот во хотелот во кој бев отседната. Многу добро и згодно место за соло патниците, чисто и уредено место со оние некои чувства како “да сте по дома” , благодарение на љубезната сопственичка Ани . Групата туристи со кои допатував на Санторини отседна во туристичкиот центар Камарија. Со оглед на тоа што претходно се информирав за патувањето, знаев дека сакам да биде во близина на Фире, па одбрав друго сместување . Во секој случај на сите од овие краеви , би им преппрачала за време на главната сезона да патуваат со чартер летови од Љубљана.

Патувајте на Санторини за 11 Октомври

313
Како што напоменав, желбата ми беше да го истражам островот со сите свои специфичности. Еден ден зедов ” рент а кар” и отидов на Паргос, мало место во кое имате чувство дека си се оддалечил иладници километриод урбаниот Фире. Тоа чувство на мир кое го доживеав на Паргос, баш ми требаше. Инаку, атував со локалните автобуси кои сами по себе претставуваат автентично искуство на Санторини.

Да не заборавам да ја споменам и храната, од грчките специјалитети ги препорачувам суфлаки, хумус, татцики и пиво Фикс.

Патувајте на Санторини за 11 Октомври

we-travel

Сподели.


Коментарите се затворени.