Се случи и тоа! Асфалтирана улица „Вардарска“,

0

Оштетениот дел на улицата „Сремски фронт“ кај ООУ „Димитар Влахов“ веќе е пуштен во употреба. Фирмата изведувач вчера го асфалтираше делот што беше оштетен од невремето, согласно договорот, без никаква надокнада од страна на општината. Оваа улица сега е комплетно реконстуирана со асфалтирање на делот кај поранешен Базалт што се спојува со улиците „Сутјеска“ и „Партизанска“.

Денес се работеше на улица „Вардарска“ каде се постави првиот слој на асфалт со дебелина од 7 сантиметри во должина од 500 метри.

Од понеделник продолжуваат со градежните активности за поставување на втор асфалтен слој на улица „Вардарска“, со што целосно ќе биде обновена оваа улица. Претходно ЈП „Исар“ ја замени старата и дотраена водоводна и канализациона мрежа, за што Општини Штип и штипски Исар издвоија околку 3,5 милиони денари.

14368892_681984675289356_4528335005190011584_n 14368875_681984698622687_8387840864547212551_n 14344803_681984718622685_8004776351554458375_n

канал+
Сподели.


Коментарите се затворени.