Започна академската 2016/2017 година на УГД во Штип

0

За околу 11.000 студенти, од кои 2.300 бруцоши денес започна академската 2016/2017 година на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На првиот академски час во Штип присуствуваше и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, кој и посака успешен старт на студентите на според него, еден од најбрзо растечките универзитети во државата.

Оваа година околу 2.300 студенти ја препознаа својата иднина токму на штипскиот Универзитет.

Студентите со свои очекувања и возбудени пред првиот академски час.

vlcsnap-2016-09-15-13h55m43s164-660x330 14355672_10207401168127333_4380303576107052997_n

Започна новата академска година на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Свеченоста по повод првиот академски час се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД, а на неа, покрај новите студенти на УГД, присуствуваа и ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски, градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, и првиот ректор на УГД, проф. д-р Саша Митрев.

 Ректорот Боев во своето обраќање до новите студенти рече дека ова за нив е ден во кој започнува најубавиот дел од нивниот живот, исполнет со многу очекувања и надеж, ден кој треба да ги разбуди сите нивни соништа, убедувања, идеи, ден во кој одлучуваат за себе. Боев истакна дека со новите студенти сака да сподели размислувања во поглед на една важна тема, а тоа е слободата на изборот.

14356128_10207401504575744_1541067752_n 14324202_10207401167407315_8066471788872184320_o 14322495_10207401168247336_5323083007027172313_n 14242306_10207401167527318_534997385958832463_o

Сподели.


Коментарите се затворени.