петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеЗлото не доаѓа само: СЗО стравува од голема здравствена криза во Турција...
spot_img

Злото не доаѓа само: СЗО стравува од голема здравствена криза во Турција и Сирија

Светската здравствена организација смета дека со земјотресите во двете земји се погодени околу 23 милиони луѓе, вклучително и пет милиони од ранливите групи. СЗО стравува од голема здравствена криза, особено поради ширењето на колерата во Сирија.

Бројот на загинати во страшните земјотреси во Турција и Сирија надмина 29.000. Спасувачките операции продолжуваат седми ден по ред, но надежта да се пронајдат преживеани е сѐ помала.

Турските власти соопштија дека во земјотресот се урнале околу 6.500 згради, а голем број се оштетени во подрачјето кое настрада од катастрофата.  Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека во Турција загинале 24.617 лица, а досега е потврдена и смртта на 3.575 луѓе во Сирија, од кои 2.167 се во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата. Според сириските медиуми, кои се повикуваат на сириското Министерство за здравство, уште 1.408 лица загинале во областите под контрола на владата.

Десетина земјотреси се регистрирани  синоќа и во текот на ноќта во Турција и на границата меѓу Турција и Сирија, од кои најсилниот бил со јачина од 4,3 степени.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ