Се подобрува патната инфраструктура во центарот на Штип

0

Градежната офанзива во Штип е во полн ек. Пред почетокот на најголемата гурманска манифестација на истокот „Пастрмалијада“ 2016 се подобрува патната инфраструктура во Штип. Се асфалтираат повеќе улици во централното градско подрачје кои не се реконструирани повеќе децении. Денес се асфалтираа улиците „Вера Циривири Трена“ позади Здравствениот дом и улицата „Сремски фронт“ од кружниот тек кај поранешен Базал до булевар „Партизанска“. Утре ќе се асфалтира улицата „Стојан Рибата“.

Над 6 милиони денари се инвестирани за само една недела за асфалтирање и новото кружно решение на крстосницата Дујле. Дел од овие финансиски средства се извоени за асфалтирање на вториот дел од улицата „Христијан Карпош“ која викендов комплетно беше завршена.

Освен овие улици на кои се работи, во тек се тендерски постапки за реконструкција и асфалтирање и на други улици во градот.

kanalplus

Сподели.


Коментарите се затворени.