вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија(ВИДЕО) Скандал на Санремо: Младиот пејач спобудале на настапот, ја уништи цела...
spot_img

(ВИДЕО) Скандал на Санремо: Младиот пејач спобудале на настапот, ја уништи цела сцена

Со нетрпение се чекаше настапот на познатиот италијански пејач и минатогодишен победничка на фестивалот, Бланко, на сцената на Аристон во Санремо, но не се одвиваше се според планот. За него Санремо 2023 заврши со негодување и свирежи.

Поради технички проблеми со звукот, пејачот почна да ја уништува сценографијата во живо. Ги искина сите цвеќиња на сцената кпи ги фрлаше на бината и продолжи да дивее, тресејќи ги музичарите кои го следеа.

„Убавата работа во музиката е тоа што не мора секогаш да се следи шаблонот“, рече пејачот со насмевка додека се уште беше на сцената, по што на публиката и објасни зошто фрлал цвеќиња за време на неговиот настап:

„За жал, јас не слушнв во слушалките, не го слушнав мојот глас, но сепак се забавував“.

Публиката беше шокирана и го испрати со свирежи, а италијанските медиуми неговиот настап го окарактеризираа како еден од најлошите во историјата на фестивалот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ