Жешка фото сесија на Српската дива Анабела и нашиот топ модел Павле

0

Во последно време се почести стануваат соработките помеѓу македонските модели и пејачките од соседните земји.

pavleanabela (4)

Помеѓу другото тоа се должи на фактот што можеме да се пофалиме со навистина одлични и професионални момци. Една таква соработка се случи деновиве ,кога беше ангажиран еден од најдобрите машки модели од агенцијата Моделс ИН, да биде дел од најновиот проект на познатата српска пејачка Анабела.

pavleanabela (2)

Во својот лежерен и професионален пристап Павле докажа дека македонските машки модели се комплетно на висина на задачата. Со ваквиот избор Анабела уште повеќе ја зацврсти соработката со модната фела во Македонија,и секако вети уште поголема соработка. Ваквите ангажмани многу често продуцираат големи пријателства па следниот проект за нашиот модел ќе биде Белград каде со заеднички сили ја продолжуваат својата приказна со музички видео запис. Инаку Павле веќе неколку години е едно од најбараните лица од бордот на машки модели кои се дел од Моделс ИН. Фотографиите специјално за оваа намена ги изработи Бојан Стоилковски.

pavleanabela (1)

pavleanabela (1)

pavleanabela (3)

Сподели.


Коментарите се затворени.