сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСедете на топло и не излегувајте без потреба: Македонија ја чека многу...
spot_img

Седете на топло и не излегувајте без потреба: Македонија ја чека многу студено време со ветер од над 60 км/ч

Променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови (локално над 60 км/ч.).

Утринските температури ќе се движат од 1 до – 10 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 3 до -7 степени.

Во Скопје променливо облачно и многу студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе биде нула степени.

Утре наутро многу студено, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и студено време со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. На места минималните температури ќе се спуштат и под -10 степени, а и дневните ќе бидат под нула до среда, а потоа ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ