Распродадени сите 43 локации во Штип од кои 32 за куќи

0

Вчера се оддржа лицитација од огласот за продажба на градежно земјиште на oпштина Штип.

Од понудени 55 градежни парцели, продадени се 43 при што важно е да се напомене дека сите 32 локации кои беа огласени за индивидуални куќи се продадени на вчерашната лицитација.

Од продажбата на овие 43 парцели остварен е приход од 50,2 милиона денари или над 800.000 евра. Од оваа сума, по уплатата од страна на странките, 80% ќе се слеат во буџетот на општина Штип, а 20% во државниот буџет.

Освен локациите за куќи, продадени се и една локација за деловен објект, локацијата за хотел кај бања Кежовица која е продадена за околу 3.8 милиона денари, една за бензинска пумпа во Криви Дол и една парцела за лесна и незагадувачка индустрија во населба Балканска.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.