Викендов не било мирно. Пожари, сообраќајна несреќа, кражби се само дел од црниот билнас на ТППЕ и СВР – Штип

0

Истокот повторно во пламен пожари.

Пожарите во околината на Штип не стивнуваат. Во текот на вчерашниот ден територијалната противпожарна единица реагирала на четири поголеми пожари. Запалена куќа, сообраќајна несреќа, запалени стрништа кај Крупшите и пожарот кај с. Судиќ и Долни Трогерци, се само дел од црниот биланс на штипската пожарна бригада.

Жарот кај с. Судиќ и с. Долни Трогерци уништи големи размери на борова шума. Според информациите од Територијалната противпожарна единица пожарот бил ставен под контрола уште утринава.

Но за среќа брзата интервенција на пожарната бригада спасен е и локалниот манастир.

Бројот на запалени стрништа и понатаму расте.

Секторот за внатрешни работи Штип, викендов со полни раце работа. Дваесет и тригодишен штипјанец (Ѓ.М)  доби кривична пријава поради основано сомнение дека сторил осум кривични дела тешка кражба.

Додека полицијата во Виница разби мрежа на малолетници кои организирано ограбувале. Полицијата до јавното обивнителство во Кочани поднесе известување против пет малолетни лица на возраст од 13 до 17 години поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела кражба и две кривични дела тешка кражба.

Освен тешките кражби, викенодв се случи сообраќјна несреќа на магистралниот пат Велес – Штип кај с. Срамазалино. Билансот од несреќата е повредена сопатничка и голема материјална штета.

Сподели.


Коментарите се затворени.