Се опоравува: Шумахер конечно застана на нозе

0

Славниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер веќе 2 и пол години се опоравува од тешките повреди здобиени во текот на несреќа на скијање. Тој при падот удри со главата во капа и беше во кома неколку месеци.

За сето време од неговото опоравување главно стигнуваа само лоши вести, но изгледа дека среќата за славниот возач му се насмевна и тој конечно успа да застане на нозе.

Како што пишуваат дел од медиумите, славниот Шумахер наводно ги направил своите први чекори со помош на физиотерапевт.

Официјална потврда за состојбата на Шумахер се уште нема, но сите се надеваат дека Германецот ќе се опорави.

Тој, поради неможноста сам да се движи користел инвалидска количка. Меѓутоа, главниот газда на Ферари, Кука Кордеро ди Монтеземоло пред 10-тина дена изјави дека Шумахер добро реагира на терапијата и се очекува да се опорави.

Сподели.


Коментарите се затворени.