Древно светилиште пронајдено на Штипскиот Исар. Археолозите го поврзуваат со крунисувањето на Пајонските кралеви

0

Истражувањата на тврдината Исар кај Штип открија древно светилиште кое археолозите го поврзуваат со крунисувањето на Пајонските кралеви:

„Овде веќе ги имаме постарите наоди, па зошто да не постои она светилиште кое го споменува Полијен во 3 век дека во реката Астибо се крунисувале Пајонските кралеви“ , изјави  Митко Штерјов, археолог.

Во прилог на оваа претпоставка, одат досега познатите факти дека древното кралство на Пајонците се наоѓало на територијата на денешна источна Македонија. Се протегало источно од Велес, преку целата долина на реката Брегалница се до долината на реката Струма.

Најзначајниот пајонски град Билазора е  на локалитетот Градиште во близина на Свети Николе. Блискоста на Штип со Билазора, исто така може да оди во прилог на претпоставката на археолозите за врската меѓу пронајденото светилиште на Исарот и Пајонските кралеви.

Инаку, тврдината Исар досега се покажа како исклучително значајно археолошко наоѓалиште:

„Овде се најде црквата свети Власије, под неа се најдени темелите на еден Римски храм, а во претодните истражувања најдовме голем број на керамика“ , рече Митко Штерјов, археолог.

Особено импонира бројот на црковни објекти чии остатоци се најдени овде:

„Црквата свети Јован, св. архангел Михаил и уште една коровна црква на акрополот од исарот, која би можеле да ја поврземе со 40 маченици“ , вели Митко Штерјов, археолог.

Доколку се потврди претпоставката на археолозите за новооткриеното светилиште, тоа ќе значи уште една можност за културна и туристичка промоција на Штип.

стар

 

Сподели.


Коментарите се затворени.