По 30-тина години жителите од населба “Суитлак” ќе добијат фекална канализација

0

Нова фекална канализација ќе добие штипската населба “Суитлак” од Штип. ЈП “Исар” во соработка со локалната самоуправа , започнаа со подготовка на првичните работни активности.

Оваа канализациона мрежа е вредна 3 милиони и 500 илјади денари од кои 1 милион се финансирани од ЈП “Исар” и општина Штип , а останатите 2,5 милиони од самите граѓани, кои веќе имаат добиено договори , а дел од нив започнале со исплата на првата рата.

Жителите од ова населено место посебно благодарни и задоволни што по долг времески период ќе им се реши голем проблем.

Во оваа населба живеаат околу 200 фамилии, а како што изјави дирекотрот Бојаџиев по геодетските мерења , за брзо време ќе се започне си изградба на канализацијата.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.