Загина новороденче на патниот правец Штип- Радовиш

0

Новороденче го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. Несреќата се случила околу 17-50 часот помеѓу две моторни возила кои се судриле на магисталниот пат Штип – Радовиш, поточно кај село Лакавица.

Возилото во кое загинало новороденчето било во сопственост на Општата Болница од Струмица, управувано од страна на 58-годишниот Љ.Ч. кој бил со В.Т.(30) С.С.(53) и новородено бебе од 39-годишната Е.У.  се сдурило со тешко товарно возило „Ман“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот М.Т. од Трстеник, кавадаречко.

Како сопатник во возилото бил 42-годишниот В.Н. од селото Нов Караорман, штипско.

Во незгодата, сопатничката од автомобилот С.С. се здобила со скршеница на носна коска, а новороденчето со возило на Брза помош е пренесено во Клинички центар Скопје, каде во 01 часот подлегнало на повредите.

По овластување на јавен обвинител е извршен увид на лице место од страна на СВР Штип, а причината за настанување на незгодата дополнително ќе се утврдува.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.