Започна последната фаза околу доуредувањето на кејот на Отиња

0

Општина Штип денес започна со четвртата и последна фаза од уредувањето на коритото на река Отиња. Ќе се работи на делот од мостот кај судот до Стопанска банка, но и делот од храмот „Свети Никола“ до делот каде р.Отиња се влева во р.Брегалница, кај Ново Село.

Во централното градско подрачје ќе работат вработените во ЈП „Стипион“, додека на потегот кај Ново Село ангажирани се вработените во ЈП „Исар“.

kej novo selo

Раководителот на ЛЕР ИТ Александар Југов, кој е одговорен за овој проект на општината рече дека е предвидено активностите во строгиот центар на градот да бидат завршени до средината на октомври.

Што се однесува до недовршените платформи за паркирање, кои беа предвидени уште пред неколку години, Југов истакна дека за сега ќе останат такви какви што се, а што ќе се случува со нив, ќе се одлучува понатаму.

kej otinja

Доколку дозволуваат временските услови, до крајот на годината се очекува да бидат целосно завршени сите предвидени активности околу уредувањето на кејот на реката Отиња.

Со тоа центарот на Штип ќе го добие очекуваниот изглед, а штипјани ќе добијат комплетно хортикултурно уредено катче каде во прошетки ќе го поминуваат своето слободно време.

Сподели.


Коментарите се затворени.