Холивудски грабеж во Штип!!!

0

Филмски грабеж во Штип. Маскирано и вооружено  лице го ограбило маркетот на Хит во населбата 8-ми Ноември.

Во маркетот , разбојникот влегол  откако оттаму заминале сите муштерии, неколку минути пред затворањето на маркетот. На главата имал чорап, а во рацете вперени пиштоли во персоналот:

„Непознат сторител со пиштол извршил разбојништво над вработената, при што од касата одзел 33 илјади денари и побегнал“ , изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Од утринава, во и околу маркетот се изгледаше нормално:

Денес маркетот си функционираше нормално, а вработените кои синоќа биле на смена, не беа на работа, па немаше кој изворно да каже , што ноќеска овде се случувало.

За драмата што вработените во маркетот  ја преживеале, тамошните жители разбрале дури утредента, но некои од нив, сличен хорор преживеале и сами:

„Претходната ноќ и кај мене преку терасата се качи и почна да собира што имаше на терасата и на мене ми вика да ја орворам вратаа, а тој беше со чорап на главата и облечен во црно, јас не му отвори и по некое време си отиде“ , раскажа жителка на 8-ми Ноември.

На искуства со крадци во населбата реагираат и други жители:

„Подрумите досега многу пати ни ги имаат разбивано, катанците ги крадат и се друго што има во подрумите земаат“ , рекоа жители на 8-ми Ноември.

Кој е одговорен за последните грабежи во 8-ми Ноември е предмет на полициска истрага.

Идентична кражба , во растојание од само еден месец , во оваа населба имаше и во 2012 година.

Тогаш вооружени и маскирани крадци, пред затворање влегле најнапред во маркетот на Кит Го, а потоа и на Макпромет и по закана за живот, од касата го однеле дневниот промет од двата маркета.

тв стар

Сподели.


Коментарите се затворени.