Штипската администрација на помош на поплавените

0

Рано утринава, два автобуси со вработени од штипската локална администрација и од Јавното претпријатие „Исар“, заминаа во Скопје за да помогнат на загрозените од поплавените подрачја.

Дел од вработените во „Исар“, веќе трет ден активно учествуваат во расчистувањето на последиците од невремето во неколку скопски населби.

Штипската локална самоуправа ги направи сите подготвки за успешно спроведување на активностите согласно препораките од кризниот штаб во Скопје.

Треба да се одбележи дека сè повеќе се зголемува бројот на граѓаните, кои самоиницијативно се приклучуваат во групите за помош на настраданите во поплавените региони.

Својата хуманост и солидарност, Штипјани ја искажуваат и со доброволни прилози, кои секојдневно се донираат во холот на Општинската зграда .

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.