вторник, април 16, 2024
spot_img
ПочетнаСценаОСТАНА БРЕМЕНА ОД НАЈДОБРИОТ ДРУГАР НА ПОРАНЕШНИОТ –кој е вереникот на Гиговска,...
spot_img

ОСТАНА БРЕМЕНА ОД НАЈДОБРИОТ ДРУГАР НА ПОРАНЕШНИОТ –кој е вереникот на Гиговска, неговиот татко е познат пејач кој се пофали дека не добил снаа, туку ќерка! (ФОТО)

Три месеци откако јавно откри дека раскинала со Иван Јованов, пејачката Антониа Гиговска објави фотографии преку кои сподели дека е бремена, а радоста долго време ја криела. На една од објавените фотографии е и Роберт Спaсенцовски, кој е татко на детето на Гиговска, а сега и вереник. Роберт, воедно бил и најдобар пријател на претходниот дечко на Гиговска, Иван, а заедно работеле и на проект наречен „Џокер“.

„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен роденден за мене и погодете кој ќе биде мајка. ПС: Прстенот го бирал САМ. Умирам од среќа… си славам. Роденден, бепче, прстен, сè“, пишува Гиговска во објавата.

Гиговска долго време го криеше нејзиниот дечко Роберт од јавноста. Поранешното момче на Гиговска, Иван Јованов минатата година го промовираше проектот „Џокер“, презентирајќи и го на јавноста новиот проект со „ликот кој го крие ликот“, претставувајќи се со исто естрадно-уметничкото име како негативецот од стриповите и филмовите за „Бетмен“.

„Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, тој внимателно се труди да го сочува својот идентитет, а ние ќе му помогнеме во истото. Со Џокер веќе работиме подолго време, подготвивме три проекти кои едвај чекаме да и ги презентираме на јавноста“ – тврдеше тогаш Иван Јованов.

Подоцна се дозна дека зад ликот на „Џокер“ се крие токму неговиот пријател Роберт Спaсенцовски, и сегашен вереник на Гиговска.

Роберт бил најдобар другар на Иван. Ова може да се заклучи од интервјуто на Иван во „Бекстејџ“ каде овој факт не го негира.

„Јас не сакам да коментирам бидејќи не сакам да загрозам нивниот пат. Времето само ќе си покаже“, кажа Иван, а прашан што повеќе го болело дали тоа што е изневерен од Антонио или најдобриот пријател, одговори: „Јас не сум злопамтило. Ако тие решиле тоа да е така, мене ми е сеедно“.

Инаку таткото на Роберт е музичарот и пејач познат по добрите забави во скопските кафеани, Боби Спасенцовски.

Тој денеска преку фотографија им честиташе на синот и снаата, а неа ја нарече дека ќе му биде ќерка.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ