вторник, април 16, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаПротест во Софија за заштита на правата на Бугарите во Македонија
spot_img

Протест во Софија за заштита на правата на Бугарите во Македонија

Пред претставништвото на Европската комисија во Софија се одржува протест за одбрана на правата на Бугарите во Македонија каде се најбројни симпатизери и претставници на политичката партија ВМРО-БНД. Протестот е и за поддршка за натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, јавија бугарските медиуми.

Протестот го најави бугарскиот претставник во Европскиот парламент и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбаски. Во писмо до претседателската на ЕК, тој побара итен прекин на преговорите на нашата држава за членство во ЕУ.

Тројца охриѓани пред два дена во угостителски објект во Охрид го нападнаа 21-годишниот охриѓанец Христијан Пендиков по што тој се здоби со повреди и вчера бугарската Амбасада во Скопје организираше негово префрлање во боница во Софија.

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Николај Милков и Бујар Османи ќе го посетат утре Пендиков, кој е хоспитализаран во ВМА во Софија, соопшти бугарското МНР.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ