Нови автобуски постојки се поставени на неколку локации во Штип

0

Нови автобуски постојки се поставени на десет локации во централното градско подрачје и неколку штипски населби. Старите постојки кои беа отстранети ќе бидат репарирани и ќе бидат поставени во Ново Село, и во населбите Баби и Чардаклија. За оваа намена од буџетот на Општина Штип се издвоени 600 илјади денари.

Граѓаните се задоволни од промената на автобуските постојки, па сега временските услови нема да бидат проблем кога ќе чекаат автобус.

Исто така, денес се започна со поставување на втор асфалтен слој на улицата „11 Конгрес“ во штипската населба Баби. По завршувањето на активностите на оваа улица ќе се пристапи на асфалтирање на улицата „Мара Минанева“ во истата населба.

ЈП Стипион  започна со подготвителните градежни активности за изградба на пристапен пат до фитнес паркот кој се наоѓа на пешачката патека позади Исарот.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.