Започна електронското пријавување на кандидати за упис на УГД

0

Стартуваше електронското пријавување на кандидати за упис во прва година на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Идните студенти од оваа година покрај класичниот начин на пријава, со новото софтверско решение тоа можат да го направат преку интернет од дома. Универзитетот „Гоце Делчев“ е првиот универзитет во земјава кој воведе електронски начин на пријавување и за само два дена се имаат пријавено над 30 кандидати за различни студиски програми.

Освен новиот начин на пријавување УГД е еден од ретките универзитети во земјва кој на студентите им овозможува електронско студирање и администрирање на неговото досие. На студентите, исто така им стои на располагање и електронската библиотека која им нуди голем број на книги и материјали кои им се достапни 24 часа. Освен тоа од неодамна поставени се и терминали за плаќање во готовина на сите услуги на универзитетот.

Новините кои постојано ги воведува Универзитетот „Гоце Делчев“ го прават овој унивезитет континуирано да расте во светските рангирања на универзитети. На последното рангирање на репозиториумот на Универзитетот реномираната „Webometrics“ го смести УГД на 145 позиција во Европа и на 319 место во светот. Пред УГД нема ниту еден универзитет од Балканот со што Универзитетот во Штип е нај напреден во оваа област во регионот.

Сподели.


Коментарите се затворени.