Што ви порачуваат акните?

0

Сите се обидуваме да си ја објасниме појавата на акни како резултат на хормонални промени. Но местото на кое се појавуваат акните зборува многу повеќе отколку што мислиме ние. Лицето е како мапа што ни покажува што не е во ред со нашиот организам, и како резултат на тоа се појавуваат акни. Поврзаноста е чудна, овој пристап на објаснување потекнува од разни дерматолози низ светот. 

1 и 2- Проблеми со дигестивниот систем. Избегнувајте брза храна и оброци што содржат многу масти. Консумирајте повеќе вода и јадете повеќе овошје и зеленчук.

3- Бели дробови. Намалете го внесувањето на алкохол, масна храна и на млечни производи. Оваа зона е критична и за алергии, затоа анализирајте ја добро храната што ја јадете. Секој ден барем 30 минути правете лесни вежби и обидете се да спиете квалитетно за вашите бели дробови да одморат.

4 и 5- Дехидрираност. Оваа зона се поврзува со дехидрираност. Внесувајте повеќе течности.

6- Срце. Проверете го крвниот притисок, како и нивото на витамин Б. Намалете го внесувањето на зачини и на лута храна, и потрудете се што повеќе време да поминувате на чист воздух. Заменете ги лошите со добри масти, како и омега-3 масни киселини, кои ги има во ореви, авокадо, во риба. Оваа зона е опасна за појава на проширени пори, затоа проверете го датумот на траење на вашата шминка.

7 и 8- Бубрези. Внесувајте многу течности. Намалете го внесувањето на газирани сокови, алкохол и на кафе.

9 и 10- Дишни патишта. Можеби сте пушач или сте алергични на нешто? Ако ова не важи за вас, потрудете се да внесувате што повеќе свежа храна, намалете го внесот на шеќери и редовно поминувајте време на чист воздух. Месото и млечните производи сведете ги на минимум, избегнувајте алкохол, кофеин и шеќер, а наместо тоа внесувајте што повеќе можете зеленчук и природно цеден сок. Знајте дека најчестите виновници за појана на акни во овој дел се бактериите од телефон.

11 и 12- Хормони. Главна зона што покажува проблеми со хормони и стрес е токму оваа. Обидете се да го намалите стресот и одржувајте ја вашата кожа чиста. Интересен факт е што акните на овој дел се појавуваат за време на овулација.

13- Стомак. Консумирајте билни чаеви и храна богата со билни влакна.

14- Болест. Најчесто покажуваат дека вашето тело се бори со некоја бактерија и се труди да избегне болест. Најдете начин да се опуштите, на пример со вежбање јога или со попладневно дремење.

Сподели.


Коментарите се затворени.