петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов: Првата година беше само почеток, Штип во 2023-та ќе добие капитални...
spot_img

Јорданов: Првата година беше само почеток, Штип во 2023-та ќе добие капитални проекти – Катни гаражи, јавен превоз, нов булевар (ВИДЕО)

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, на својот Фејсбук профил објави видео со најава на нови капитални проекти кои годинава ќе бидат реализирани во Штип.
Како што напомена тој, првата година беше само почеток, но Штипјани во 2023-та година ќе добијат нови капитални проекти.

Приоритет ќе биде изградбата на катни гаражи, нови автобуси и јавен превоз, како и изградба на нов булевар.

„Ако во првата година успеавме да решиме многу наталожени проблеми, во 2023 година со силна динамка ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните.

За таа цел ќе вложиме 225 милиони денари капитални инвестиции во Штип, со кои ќе изградиме 3 катни гаражи во вредност од 30 милиони денари.

Ќе набавиме нови автобуси за јавен превоз, изградба на булевар „Партизанска“ и уште многу други капитални проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Општина Штип.

Има разлика, ние го реализираме она што го ветуваме“, изјави Јорданов.

Целото видео проследете го во продолжение:

https://fb.watch/i7-jDhN5pL/

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ