Gioiа- името на парфемот значи “радост” која не е одглумена и трендовска

0

Gioia: збор што предизвикува задоволство, чувство на радост што се шири низ телото и умот.
Збор кој едноставно зрачи со добро расположение.
Името на парфемот значи “радост”. Мирна, вистинска  и опиплива радост; радост која не е одглумена и трендовска.
Радоста што доаѓа од недопрената природа.

ar

Оригиналниот парфем и двата нови парфема пружаат  искуство на радост со прекрасна, волшебна природа. Силата на природата, која го  шири парфемот Acqua di Gioa им се придружува на сончевата среќа која го носи сонцето – SUN di Gioia и возбудлива енергија на воздухот вклучена во парфемот AIR di Gioia.

Се започна со оригиналниот парфем Acqua di Gioia.

Acqua di Gioia е проткаен со прозрачна милост која на чудесен начин  ги поврзува со вашата вистинска природа и инспирира да се биде верен на себе.

armani_acqua_di_gioia

Овој освежувачки парфем во шишенце со морско зелена боја ја поткрепува  неприкосновената сила. Исклучителната слоевитост на составот се отвора  на ноти од сецкано нане и овошни ноти, со интензивен акорд на круша и тропско овошје. Во срцето се кријат воздушести цветни акорди и ливчиња од воден јасмин.Долните ноти се опкужени со дрвенести акорди на килибар и богато сладок акорд на кафеав шеќер.

ACQUA di Gioia: дрвенаст цитрус 

Горни ноти: Лимон “Primo fiore“, црна рибизла, лист од крушка и љубичица

Срцевина: Божур, воден јасмин и јасмин “Sambac“

Долни ноти: кедар, кашмеран, кафеав шеќер

Нов дует на волшебни парфеми

На оригиналниот парфем сега му се придружуваат и две нови емоции, два нови момента на вистинско исполнување и среќа инспирирана од природата:

AIR di Gioia и SUN di Gioa

AIR di Gioia: крила на слободата

air

Причините за изборот на ова нежно сино шишенце се многу очигледни: пренесува енергија што некои ја нарекуваат “озон”, како што е радоста предизвикана од неочекуван виор на ветрот. Сетилата се преплавени со италијанска мелодија и ноти на мандарина, нероли и препознатлив  рефрен “солено-цветен”, божур, ylang-ylang и цвет од портокал, со дрвенести долни ноти  составени од пачули, кашмеран и мов.
Исполнет со радост и ентузијазам, слободен и фасцинантен како чист, свеж воздух.

AIR di Gioia: древенасто-цитрусен

Горни ноти: Мандарина, нероли, розев бибер

Срцевина: ylang-ylang, цвет од портокал, божур

Долни ноти: Есенција од пачули, мошус, акорд на мов

SUN di Gioia: сончево-цветен

sun

Во ова жолтеникаво-златно шишенце се крие цветен мирис искапен во сончева светлина. Сензуални ноти кои потсетуваат на чувство на удобност на исончана кожа започнуваат со бергамот и фрезија. Во раскошната цветна срцевина се кријат frangipani, ylang-ylang и јасмин Sambac, а пак во долните ноти кои се исто така исполнети со светлина се испреплетени ноти на ирис, ванила и бензоин.

SUN di Gioia: цветно-ориентален

Горни ноти: бергамот, фрезија, акорд на морски ноти

Срцевина: јасмин Sambac, ylang-ylang, франгипани

Долни ноти: кокосово млеко, Ambrox, ирис

Ние постоиме за вас Парфимерија ДО-НА

Ул.Ванчо Прќе 67/33 Штип

Сподели.


Коментарите се затворени.