10 особини кои ги има успешната дама

0

Прочитајте кои се тие особини кои ги поседува без исклучок секоја успешна дама…

1. Таа знае што сака

Има јасно дефинирани цели. Знае дека на саканата дестинација може да стигне само ако ја знае насоката во која се движи.

2. Таа верува во себе

Верува дека може да постигне се што сака и нема да дозволи да се ограничува со уверувањата “Јас тоа не го можам“ или “Тоа не е можно за мене“.

3. Таа не дозволува стравот да ја парализира

Има доволно храброст да излезе од својата конформна зона и да се впушти во ризик.

4. Таа е самоуверена

Знае колку вреди, свесна е за своите квалитети и за тоа колку е посебна.

5. Таа не се обесхрабрува кога ќе наиде на препреки

Не се откажува од целта поради неколку препреки. Има сила и трпение да продолжи понатаму.

10 osobini koi gi ima uspesnata dama 01

6. Таа ќе побара помош кога и е потребна

Нема да дозволи гордоста да ја спречи да побара помош но во исто време е подготвена да им помогне на другите.

7. Таа постојано работи на себе

Не дозволува да помине ден,а  да се се труди да е подобра (и тоа не од другите луѓе, туку од сама себе).

8. Таа учи од своите грешки

Не паѓа во очај кога ќе доживее неуспех, туку го користи да научи важни животни лекции.

9. Таа не им завидува на другите

Знае дека е посебна, талентирана, оригинална и автентична и затоа нема причина да им завидува на другите.

10. Таа знае да се носи со успехот

Не ги гледа другите “од височина“ само затоа што е поуспешна од нив, бидејќи го почитува животниот пат на секого.

Сподели.


Коментарите се затворени.