Не запира градежната офанзива во Општина Штип

0

Инфраструктурната инвазија во Штип не запира. Интензивно се работи на уредување и асфалтирање на повеќе улици во градот и руралните средини. За два месеци комлетно се асфалтирани повеќето од предвидените улици и локални патишта, а до крајот на август ќе бидат завршени вкупно 18 улици, за што се издвоени 1,3 милиони евра.

Најголем дел од асфалтираните улици во градот и штипските села се на предлог на жителите. Општината и понатаму е отворена за доставување на нови барање за уредување и реконструкција на улици и патишта.

Во период од три години Општина Штип има реализирано над 100 инфраструктурни проекти во делот на улици и локални патишта.Најголем дел од средствата се од буџетот на Општина Штип и со голема подршка од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој и Јавното претпријатие за државни патишта.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.