ЈП Исар поставува систем капка по капка на зелените површини

0

Парковите и зелените површини во Штип од денес ќе се наводнуваат со системот капка по капка. ЈП „Исар“ комплетно ќе го замени досегашниот начин на наводнување, со што ќе овозможи поголема заштеда на вода и навремено одржување на зелените површини.

Системот капка по капка веќе е ставен во функција на булевар„Партизанска“.

Освен поставување на новиот систем за наводнување јавното претпријатие со жардињери ќе ги разубавува сите булевари во градот. Првата жардињера во штипската населба 8 Ноември е комплетно завршена и хорикултурно уредена.

Ваков систем за наводнување штипски Исар најпрво постави во коритото на река Отиња за одржување на зелените површини и цветните декорации.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.