Штип ќе добие фитнес центар на отворено

0

Штип ќе добие фитнес центар на отворено. Наредната недела, започнува изградбата на катче за рекреација за сите љубители на спортот, а јавното претпријатие „Стипион“ интензивно работеше на подготовка на теренот :

„Завршивме со тампонирање на површина позади патекаат зад исарот, каде Агенцијата за млади и спорт ќе постави фитнес справи“ , изјави Игно Иванов, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип.

Освен на патеката, Стипион интензивно работи и околу стадионот Бело брдо :

„Се работи на уредување на соблекувалните на игралиштето во Бело брдо, пред одредено време поставивме прозорци и врати, а сега работиме на кровната конструкција“ , вели Игно Иванов, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип.

Но, и на уредување на автобуските постојки во повеќе штипски населби :

„Започнавме со поставување на бетонски површини каде што ќе б идат поставени автобуските постојки и тоа на повеќе локации во Ново село, на влезот на градот, во нас. Баби“ , рече Игно Иванов, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип.

Претходно, заврши уредувањето на игралиштето на улицата Личка, а во наредниот период, екипи на Стипион ќе продолжат со поставување на бекатон во коритото на Отиња.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.