Ќе се поставуваат нови автобуски постојки на неколку локации во Штип

0

Штипското јавно претпријатие „Стипион“ успешно ги заврши неколку проекти на кои интензивно работеше во изминатиов период. Целосно е реконструирано детското игралиште на улица „Личка“ во населба Кадидаре и веќе децата можат да го користат за рекреација. Исто така комплетно се уредени соблекувалните на игралиштето во Бело Брдо со поставување на врати и прозори, а подготвен е и теренот кај пешачката патеката зад Исарот за поставување на фитнес опрема.

Следна активност на ЈП „Стипион“ е поставување на нови автобуски постојки на неколку локации во градот и обнова на оштетените постојки.

Најголем број од проектите кои досега ги има реализирано ЈП „Стипион“ се предвидени во годишниот план за работа. Еден од поголемите инфраструктурни проекти на кои работи ова јавно претпријатие е конструкција на пешачката патека во река Отиња. Остануваат уште стотина метри за оваа патека да биде целосно завршена.

Сподели.


Коментарите се затворени.