петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаКолапс на железничкиот соообраќај во Македонија: Возот од Гевгелија за Скопје излета...
spot_img

Колапс на железничкиот соообраќај во Македонија: Возот од Гевгелија за Скопје излета од шините, внатре имало 150 патници

Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, дознава Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.

Како што дознаваме, станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.

„Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица“, ни изјавија од Македонски Железници-Транспорт.

Потврда, но и повеќе информации се обидовме да добиеме и од Министерството за внатрешни работи (МВР), но одговор сѐ уште не добивме.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ