Општина Штип ќе продава градежни парцели во населба Дузлак

0

Од понеделник Општина Штип ќе објави оглас за продажба на градежно земјиште во штипската населба Дузлак.Околу 35 парцели од предвидените ќе бидат за изградба на куќи со почетна цена од 1 евро за метар квадратен, со различна површина, почнувајќи од 400 метри квадратни за најмалата, до 500 метри квадратни за најголемата.

Освен за куќи ќе бидат понудени и локации за изградба на станбени згради и лесна индустрија.

Што се однесува за локации за куќи за млади брачни парови Општина Штип ќе понуди околу 1200 парцели на три локации и тоа: 100 парцели во населба Три Чешми, кај клучката на патот Кочани-Струмица 800 парцели и 200 во населба Баби. По добивањето на документот за пренамена на земјиштето општината ќе објави оглас за продажба на локации за куќи за млади.

Граѓаните преку медиумите ќе бидат информирани за датумот на објава на огласот, условите и датумот на лицитација.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.