Општина Штип интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура во градот и руралните средин

0

Општина Штип интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура во градот и руралните средини. Денес започна асфалтирањето на нови улици во штипското село Врсаково. Ќе бидат асфалтирани 5 крака чија вреност изнесува 20 илјади евра.

На овој начин ќе се реши долгогодишното барање на овдешните жители кои мака мачеа со каливиот и непристапен терен.

Освен во село Врсаково денес започнаа градежните активности за реконструкција на улиците „Димо Хаџи Димов“, „Борко Талев“ и „Јане Сандански“.

Жителите од овие три улици се задоволни што конечно ќе се постави нов асфалт и ќе стави крај на проблемите.

Градежната офанзива во Општина Штип продолжува. Наскоро ќе се асфалтираат десетина улици за кои во тек се тендерските постапки.За изградба на патишта во руралните средини, најголем дел од финансиските средства се од буџетот на Општина Штип и со голема подршка од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој и ЈП за државни патишта. Општина Штип за само три години има изградено и обновено на 40 улици во градот и над 60 километри локални патишта.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.