Концерт на Дамјан Пејчиноски трио за прв пат во Штип и Дом на млади

0

Граѓаните на Штип досега неколку пати имаа можност да го слушнат Дамјан Пејчиноски. Но, овој пат познатиот македонски музичар гостува во Дом на млади како дел од Дамјан Пејчиноски трио, заедно со Горан Гешоски (бас гитара) и Стефан Миладинов (гитара).

Дамјан Пејчиноски трио до сега има одржано само два концерти и тоа во Скопје. Штип е единствениот град во кој ја имаме честа да го слушнеме овој музички виртуоз, кој на сцената во Домот на млади ќе ги изведе едни од најпознатите светски и македонски хитови, преку неговото мајсторското музицирање, како и неговите авторски песни, создадени со ова трио.

Влезниците се само 100 денари и веќе се пуштени во продажба во Дом на млади.

Се гледаме на 20-ти Јули во 22:00 часот на летната сцена во Дом на млади.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb