петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsХуманитарна акција на Бадникови поворки во Штип
spot_img

Хуманитарна акција на Бадникови поворки во Штип

колу 50 пакети со храна, но и исто толку и детски пакетчиња, со облека, хигиенски средства и играчки се собрани во хуманитарната акција на Бадниковата поворка во Штип. Верица Милорадова активистка на Бадникови поворки вели дека донациите се собрани од хуманите граѓани и бизнис заедницата, а дистрибуцијата се одвиваше денеска.

-Тимот на Бадникови поворки – Штип веќе посети осум семејства од реонот на Свети Николе и Штип, а дистрибуцијата на пакетите продолжува и денес во општините Штип и Карбинци. Целта е за Бадник да израдуваме луѓе што живеат сами, самохрани родители, многудетни семејства или лица со ментален или телесен хендикеп, кои едноставно имаат потреба и живеат во немаштија. Не се водевме по веќе „готови” списоци, туку секој посочуваше ранливо семејство од својата околина, од своето маало и опкружување, вели Милорадова.

Во рамки на Бадникови поворки се очекува утре да учествуваат над 200 дечиња, а ќе започне во 10:00 часот од црквата „Свети Никола”, ќе се движи преку улицата „Маршал Тито” до Градскиот плоштад „Слобода”. Во истата се поканети сите деца, младинци, родители и останати членови на нивните семејства со цел да се навести и шири Радосната вест – Христовото раѓање.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ