ЈП „Исар“ ги уредува булеварите во Штип

0

Во штипската населба 8 Ноември ЈП „Исар“ започна со жардинерско уредување на реконструираната улица „Енгелсова“. На овој начин ќе бидат уредени неколку булевари, како и влезот на градот.

Откако ќе заврши градежниот дел, жардинерите ќе бидат хортикултурно уредени со декоративни садници.

Граѓаните се задоволни од секоја позитивна промена што се прави, за градот да стане поубаво место за живеење.

ЈП „Исар“ покрај жардинерското уредување, активно работи и на хортикултурно уредување на реката Отиња и изградба на мини езерцето.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.