Застој во Отиња не смее да има. Администрацијата по 10-ти пат се фати за лопата

0

Застој во коритото на Отиња не смее да има. Администрацијата по 10-ти пат се фати за лопата, во уредување на речното корито кое е обележје на градот:

„Како напредуваат работите со изградба на патеката, така и ние хортикултурно го уредуваме тој дел, денес разнесовме мил, посадивме цвеќиња, ги направивме украсните кругови“ , вели Ангел Бојаџиев, дир. на ЈП „Исар“ – Штип.

Најбројни денес беа вработените кои вообичаено седат во управната зграда:

„И денес ние вработените од заеднички служби при ЈП Исар зедовме учество во разубавување на речното корито на река Отиња и покрај високите температури“ , рече вработена во ЈП „Исар“ – Штип.

Досега , токму овие луѓе најревносно го уредуваа речното корито:

„Убави се овие акции, се надеваме дека граѓаните ќе го ценат ова, бидејќи вработените во ЈП Исар етапно работат на речното корито на Отиња“ , кажа вработен во ЈП „Исар“ – Штип.

Откако овој дел од коритото ќе се среди, вработените во оператива, но и администрацијата се селат на потегот од мостот кај судот во правец на градскиот плоштад.

Сподели.


Коментарите се затворени.