Пензионер од Штип стана милионер, освои 1,3 милион денари на Џек пот на Државна видеолотарија!

0

Расте бројот на среќни добитници кои освоиле Џек пот добивки на Државна видеолотарија на РМ. За неполни два месеци, веќе имаме четири милонери.

Пензионер од Штип стана милионер, освои 1,3 милион денари на Џек пот на Државна видеолотарија Расте бројот на среќни добитници кои освоиле Џек пот добивки на Државна видеолотарија на РМ. За неполни два месеци, веќе имаме четири милонери. По тројцата од Скопје, четвртиот милионер е штипјанецот Павле П. Тој е пезнионер кој редовно игра игри на среќа. Токму и поради тоа, среќата секогаш го изненадува. Досега веќе имал неколку помали добивки, а од оваа недела се радува и на оваа добивка- Милионер Џек Пот, вредна 1.311.708 денари.

Пензионерот Павле П, поранешен конфекционер, расположено ја сподели со нас својата убава приказна. Тој во клубот сенатор во Штип, ја освои добивката Милионер Џек пот, вредна  1.311.708 денари. Павле сакајќи да се разлади од топлото време, влегол во клубот и без преголеми очекувања, започнал да се забавува. Играјќи на видеолотариските терминали, слушнал звучна порака: Освоивте Милионер Џек пот. Во прв момент не знаел што се случува, но за миг го добил својот добитен ваучер, за кој вработените му објасниле дека е сигурна потврда за фантастичната добивка која ја освоил. Возбуден и среќен, ги прегрнал вработените, па ги искомуницирал членовите на семејството, со кои ја поделил убавата вест.  Ни раскажа дека ова не е негова прва добивка, но секако е најголема. Ја освои во очи на неговиот именден, а скоро комплетно ќе ја подари на своите деца. Додека ние му го доделуваме чекот,  се случи и уште еден убав момент, некој од играчите на видеолотариските терминали освои  Мини Џек пот.

Павле е четвртиот милионер, среќен добитник на Милионер Џек Пот. Веќе следната недела, тимот на Државна Видеолотарија на РМ, го очекува новиот, петти по ред милионер во Македонија.

Добивките Џек пот, Државна видеолотарија на РМ  ги стартуваше на 1 јуни. Само во првиот месец, покрај првите два Милионер џек пота, имаме и  над 600 Мини џек пота. Добивките Џек пот се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Мини џек пот добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.500.000 денари, велат од Државна видеолотарија.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb