Најзгодниот фраер во Македонија живее во Штип

0

Макененството е една од ретките професии во кои жените имаат предност пред мажите, а манекенките во модниот свет се далеку попознати и многу подобро заработуваат од манекените. Слично е и на нашата сцена, повеќе ги препознаваме манекенките, тие имаат далеку повеќе ангажмани од манекените, ама тоа не значи дека во модните агенција нема згодни машки модели. Пример е агенцијата „Моделс ин“ од каде доаѓаат следниве пет манекени.

Во сезоната на годишни одмори нема одмор за нашите машки модели, сите многу добро знаат дека доброто обликувано тело и здравиот фитнес look е пресуден за кариерата и ангажманот на модниот пазар.Секоја професионална модна агенција преку летниот период прави листа на машки и женски модели кои би биле букирани за сезоната што следи. Агенцијата „Моделс ин“ ја состави својата листа на машки модели за кои смета дека нивното време сега доаѓа. Овие модели покрај физичките перформанси поседуваат и убавина или карактеристика која ќе биде must have во сезоната што следи.

1.Павле Николовски

pavka2

pav

Модел и вљубеник во фитнесот, покрај небесно плавите очи поседува шарм и тело на вистински модел. Неговата посветеност и карактер ветуваат отворена карта кон светскиот моделинг.

2.Дан Лимај

dan7

dan limaj

Mодел, програмер и исто така посветен на вежбањето и здравиот изглед. Ова момче веќе има неколку едиторијали во неговото портфолио како и интернационално искуство, па нема да не зачуди фактот за сериозни ангажмани во сезоната што следи.

3.Филип Наков

Filip N.

filip nakov

Фудбалер и модел со одлични пропорции, дисциплината која ја стекнал низ годините со постојани тренинзи само му го надополнува карактерот и му помага во модниот бизнис. Во неговиот случај прекрасната насмевка е онаа која ги отвара вратите.

4.Бојан Илиевски

Bojan I.12

bojan ilievski

Професионален тренер по фитнес и модел, совршениот изглед му донесе на Бојан и две награди за 2015 и 2016 година на натпреварот по фитнес познат како MEN’S PHYSIQUE. Неколку девојки – модели можат да се пофалат со одлични резултати благодарение на Бојан и неговиот режим на вежбање.

5.Мартин Змејковски

мартин

 

martin zmejkovski

Модел и фудбалер, карактеристичниот изглед на “лошо момче” ќе биде полн погодок во следниот период. Кога ќе се вклопат добриот изглед, нагласената трансформација и спортскиот дух добиваме одличен производ на машки модел.

Сподели.


Коментарите се затворени.