Проектот Македонија вработува 2 претставен пред штипјани

0

Пред штипјани вчера беа претставени поволностите кои ги нуди проектот Македонија вработува 2. Доближувањето на условите, начинот на аплицирање, критериумите, до што е можно повеќе граѓани и компании е целта на караванот Македонија вработува 2 кој ќе посети повеќе градови во земјава. Сите оние кои што сакаат да се самовработат, да отворат сопствен бизнис и да го зголемат бројот на вработени во компанијата веќе можат да аплицираат, а со проектот се опфатени пет категории на невработени лица.

Бенефитите од Македонија вработува 1 во Штип ги искористиле над 400 компании и околу 2000 граѓани, што придонесе за намалување на невработеноста. Во моментот бројот на активни баратели на работа е 2150, а пасивни се 2050 лица. За проектот Македонија вработува 2, постои голем интерес од страна на граѓаните и компании кои секојдневно го посетуваат центарот за вработување во Штип вели Лазар Димчов раководител на Центарот за вработување.

Со овој проект компаниите и лицата кои ќе се самовработат годишно ќе заштедат од 60.000 до 130.000 илјади денари. За само дванаесет дена од стартот на Македонија вработува 2 се вработиле 15 граѓани.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.