Нова модерна странска инвестиција во Штип

0

Штип како град лидер со најмали трошоци при инвестирање и понатаму успешно го задржува статусот, најдобро место за странски инвестиции. Овој факт го потврдува и тоа што за краток период три странски компании: Џонсон Контролс, Техникал текстил и Кондево имаат отворено свои производстевни капацитети во кој работат над 2000 лица. Поволните услови кои ги нуди општината, воедно и брзото и ефикасно подготување на целата потребна документација ги препозна и компанија од Косово која наскоро ќе отвори асфалтна база.

Поволни услови за отворање на бизнис имаат и домашните инвеститори од Штип и земјава, на кои Општина Штип им нуди земјиште во три индустриски зони со почетна цена од 1 евро за метар квадратен на електронско јавно надавање.

Индустриски зони за домашните инвеститори се наменети за изградба на лесна и незагадувачка индустрија. Она на што во овој момент работи Општина Штип е одобрување на барање за изградба на Трговски центар кој ќе се протега на површина од над 10 илјади метри квадратни и ќе биде прв ваков во земјава, во кој ќе бидат сместени различни содржини.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.