Штипски Исар воведе 24 часовна патролна служба

0

По воведувањето на видео надзор ЈП „Исар“ по примерот на европските земји водеде и 24 часовна патролна служба. На овој начин претпријатието ќе стави крај на несовесно однесување на одредени граѓани кои често пати го уништуваат и нанесуваат штета на имотот и инвентарот кој е поставен на парковите површини и улиците.

Службата за обезбедување ќе им биде достапна 24 часа на граѓаните кои ќе можат да пријаваат проблеми и штети кои се однесуваат на имотот со кој располага ова јавно претпријатие. Оваа служба располага и со опрема за фотографирање, со кој ќе се обезбедуваат докази за понатамошната судска постапка.

Голема е штетата од уништувањето на јавниот имот. За поправка на штетите ЈП Исар годишно од сопствениот буџет одвојува над 30 илјади евра.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.